Големи се шансите набргу клубот од Градски парк да биде „Самурајски Работнички“. Менаџерска агенција (WASE CO. LTD) од земјата на изгрејсонцето сака да ги купи „романтичарите“. „Линкот“ се Драган Канатларовски и Бобан Бабунски кој би бил спортски директор Работнички, нашиот втор најтрофеен клуб, и најголемиот евро бренд по своите успеси во Европа, се чини дека набргу ќе стане „Самурајски Работнички“. Јапонската менаџерска агенција -WASE CO. LTD (World Ambition Soccer Entertainments), пројавила голем интерес за купување на клубот од Градски парк. Се споменуваат, иако неофицијално, големи, милионски суми пари, кои тие би ги вложиле во Работнички. Главниот на оваа агенција. г. Шунсуке Икеда, веќе бил во Скопје, имал разговори со челниците на клубот, односно со Драган Поповски, претседателот на „романтичарите“. Ова се нашите информации до кои „Македонски спорт“ дојде уште пред две-три недели. Прочитајте повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.
Статијата е прочитана 2713 пати.